93 ПРОЦЕНТИ ОД РОДИТЕЛИТЕ ОДОБРИЛЕ НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
Денес во ОУ „Тоде Хаџи Тефов„ во Кавадарци се изврши симулација на еден учебен ден - како би изгледал истиот со физичко присуство на ученици. Ке има три влеза кои ке спречат дополнителни физички контакти на учениците од различни паралелки кои пак ке бидат поделени на помал број ученици односно во групи. Се е беспрекорно обележано и превземени се сите мерки за заштита - од топломерите на влезот до средствата за лична хигиена пред и во секоја училница. Според изјавите сите основни училишта поднеле барање за настава со физичко присуство а дури 93 проценти од родителите во ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ го потпишале ова барање. Се очекува наскоро слична симулација да се одржи и во кавадаречките средни училишта.
м.в.