Кошаркарките на МНА Кожувчанка го добија новото градско дерби против екипата на Трокал со убедиви 102-32

Со тоа тие ја најавија кандидатурата за пласман помеѓу четирите најдобри во македонската женска кошарка.

На погонот на кој функционираа и пред две години, предводени од искусните Наков, Василевска, Георгиева и Николовска, повратниците во лигата нема проблем против Трокал кој и сезонава ќе се потпира на индивидуалните квалитети на Ѓорѓиева и Хаџиќ.По првата четвртина која МНА Кожувчанка ја доби со 26-6, беше јасно дека натпреварот до самиот крај ќе биде формалност, што не ги спречи условно домаќинките на натпреварот да одиграат максимално посветено до последниот звук на сирената, за на крајот да слават убедлива победа од 102-32.Очекувано, Василевска и Наков беа најпрецизни во тимот на МНА Кожувчанка, додека Форче Ѓорѓиева беше најрасположена за игра кај Трокал.