МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска градоначалникот на Општина Кавадарци им го честита стартот на новата учебна година на сите ученици во Општина Кавадарци.Најрадосни беа првачињата кои ја имаат првата средба со училиштето.Поради Ковид 19 и строгите протоколи сите училишта беа внимателни со спроведување на потребната дистанца и заштита на децата и наставниците и спроведување на наставата со неопходно запознавање со другарчињата и училиштето.

Во Општината за прв пат настава ке посетуваат 392 првачиња во 21 паралелка а он лајн настава од 4 до 9 одделение 1.130 деца од основните училишта.

Настава за прв пат ова учебна година се спроведе и во средните училишта.

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКТ

„Почитувани,

Еден месец подоцна од вообичаено започна учебната година. Оваа 2020 та година направи големи промени во нашето живеење. Ситуацијата во која се наоѓа целиот свет , не само ние, не натера да наоѓаме поинакви начини за да функционираме и да го поминуваме нашето секојдневие.

Во Општина Кавадарци денес сите училишта започнаа со настава, за жал детскиот жагор и гужвата во школските дворови ја нема, но образованието мора да продолжи. Денес 392 првачиња распоредени во 21 паралелки, за прв пат ќе се запознаат со своите учителки и учители. Физичко присуство од прво до трето одделение имаме во сите централни и подрачни училишта. Вкупно 1130 дечиња ќе посетуваат настава согласно сите препораки и мерки за заштита од Ковид 19. Останатите ученици од четврто до деветто одделение наставата ќе ја следат онлајн, освен учениците во подрачните училишта во с.Сопот, с.Возарци,с.Дреново, с.Марена и с.Бегниште каде се исполнуваат условите за физичко присуство. Исто така услови за физичко присуство исполнува и Основното музичко балетско училиште Лазо Мицев Рале.

На сите ученици им го честитам почетокот на учебната година им посакувам многу успех и пред се посветеност.

Им посакувам успешно да ја совладаат новата онлајн настава и да постигнат добри резултати како и во изминатите години.

На првачињата им посакувам среќен нов почеток, многу знаење , нови другарства и секогаш да бидат насмеани.

Среќно првачиња

Среќно ученици.„

м.д.