Пред неговата Спомен куќа во Вашата, селото каде живееше и го одгледа баба му, денеска се чествуваше за големиот Страшо Пинџур.Човек со идеја,и идеал кои ќе живее вечно.
На неговиот споменик беа положени цвеќиња од делегација на Здружението на борци на Кавадарци ,Општина Кавадарци-Локална самоуправа и Советот на Општината со претседателот Ристо Сакалиев , делгација на Музеј галеријата и претставници на МЗ Ваташа.Ученици кои учат во училиштето кое го носи неговото име, читаа поетски стихови посветени на народниот херој Страшо Пинџур.Потоа беше посетена новата поставка изработена од Музеј Галеријата во Кавадарци.Да постесетиме пред две години беше целосно реновирана куќата посветена на народниит херој Страшо Пинџур.
Инаку денеска пред неговата спомен куќа за животниот пат и смртта на Страшо Пинџур говореше Марија Михова-кустос историчар во Музеј Галеријата.