МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 18.10.2020 во 01.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај с.Манастирец, патничко возило „ауди“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Т.(23) од Кавадарци излетало од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци„-се наведува во денешниот билтен на МВР.