МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Како дел од комуналната изградба општината Кавадарци преку оперативата на фирмата „Урбан инвест“ го реализираше проектот за поплочување на крак од улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кавадарци.

По претходно извршена експропријација се создадоа услови за пробивање на крак од улицата со кој им се овозможи слободен и урбанизиран пристап на жителите на неколку куќи од овој дел на градот до улицата „Кузман Јосифовски -Питу“.Откако се изврши трасирање на кракот од улицата и беа поставени рабници и тампон, денеска заврши последната операција со поставување на павер елементи-бекатон коцки на вкупна површина од 270м2.Општината само за изведување на градежните работи на улицата инвестира 377.828 денари. Парите се обезбедени од сметката за комунални работиа од општинскиот буџет.

32584777_2152220725001977_3320191396924620800_n.jpg32367244_2152220735001976_3465631449267306496_n.jpg

32599628_2152220791668637_8127261258673029120_n.jpg

32474701_2152219775002072_5211644137375268864_n.jpg