МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во близина на центарот на градот на ул. „7 ми Септември“ спој со ул.„Браќа Џунови“, КП 12976 КО Кавадарци се наоѓа „Паркот на Револуцијата“со површина од 5.136 м2 кој датира од крајот на 50-тите години од 20 век(1958/9 година) кој во 2020 година беше целосно реконструиран. Во паркот има прекрасна вегетацијата, засадени се нови дрвја и нискостеблести растенија кои се прекрасно место за уживање за љубителите на природата.

Дендропарк претставува збирка од дрвенести растенија. Значи, на определен простор направен од човекот се развиваат и растат дрвја, грмушки и ползавици. Дендропарк најчесто се подигнува со научнообразовнацел, а може да има и културолошко значење.

Дендропаркот е жива збирка од дрвенести растенија и ќе биде подигнат, како практично помагало на учениците од СОЗШУ,,Ѓорче Петров,,. Значи, дендропаркот е практично во природа, каде се учат еколошките влијанија и интеракциските односи на дендрофлората и животната средина.Во последно време, дендропарковите сѐ повеќе го зголемуваат своетозначење. Едновремено, лоциран во централното градско подрачје, ќе претставува т.н. светска градска шума. Дендропаркот е и облагородено градско зеленило, со посебна намена. Затоа, дендропаркот може да му послужи на секој заинтересиран граѓанин, ако сака да научи нешто повеќеза надворешниот изглед на дрвенестите растенија, нивната екологија,значењето и ползата.

За одржување и унапредување на дендропаркот се грижи ЈП “Комуналец“ – Зеленило во соработка со СОЗШУ,,Ѓорче Петров,,. Разновидноста надрвенестите растенија ќе се зголемува со постојано внесување нови видови. Познавајќи ги карактеристиките на дрвенестите растенија, особено нивните еколошки својства, луѓето може да ги ползуваат дрвенестите растенија за поздрава и поубава животна средина.

Со реализирање на овој проект дендропаркот се збогати со нови 130 декоративни грмушки и дрвја, и 43 цвеќиња. За одржување и унапредување на дендропаркот се грижи ЈП Комуналец – Зеленило во соработка со СОЗШУ,,Ѓорче Петров,,.За спроведување на проектот се погрижи стручен тим и експерти од општина Кавадарци.

Општина Кавадарци има надлежност да врши управување со урбаните системи преку заштита на постојаните и создавање нови отворени зелени површини.Урбаните зелени површини се основни елементи на секој град. Тие влијаат на изгледот на градот, обезбедуваат разновидност и ги оформуваат структурите и функционалните елементи кои ги прават градовите и урбаните региони подобри за животот на граѓаните. Нивното витално значење, не е само заради еколошка функција, туку и заради влијанието кое го имаат заздравјето на граѓаните, социјалната благосостојба, економскитепридобивки, едукација на населението и др. Покрај општина Кавадарци и Ротари клуб Кавадарци како стручни членови во организациската структура се вклучени СОЗШУ „Ѓорче Петров„ и ЈП “Комуналец“ кои ќе се погрижат за одржување на паркот.

342333418_682266933663104_5016160245637754148_n 342355791_209634345147835_7906627458561587098_n