ОРГАНИЗАТОРИТЕ ОЧЕКУВААТ ПОВЕКЕ ОД 50 КРВНИ ЕДИНИЦИ ДО КРАЈОТ НА АКЦИЈАТА
РЕСПЕКТ. Денес во големата сала од собранието на град Кавадарци се одржа повеке од успешна крводарителска акција во организација на навичката група „Лозари. Станува збор за традиционална крводарителска акција осма по ред. Обично акцијата се одржуваше околу 5-ти декември но заради фактот што тој датум се паѓа во викенд изборот падна на 3 декмври,работна ден. Акцијата почна во 10.30 а до 12.30 беа собрани триесетина крвни единици. Меѓутоа мора да се напомене дека на ред чекаа уште дваесетина крводарители но исто така од организаторот бевме информирани дека има најава за голем број граѓани и членови на навивачката група кои моментално беа на работа во „Дрекслермаер“ дека ке дојдат да даруват веднаш по завршувањето на работното време. Организаторот очекува повеке од 50 крвни единици до крајот на акцијата и затоа уште еднаш РЕСПЕКТ.
м.в.