МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот Митко Јанчев денеска ја прими делегацијата од Украина предводена од амбасадорката на Украина во Македонија , Лариса ДИР, која беше во официјална посета на Општина Кавадарци. Меѓу присутните беа заменик градоначалникот на Општина Буча г-дин Шепетко Серхи, секретарот за јавна дипломатија од Украинската амбасада Владимир Вербицки, раководителот на оддел за култура, националности и религии на Градскиот Совет на Буча г-дин Виталии Томниук и Претседателот на Здружението на украинци во Македонија Александар Урбанович. Во рамките на посетата, Општина Кавадарци потпиша официјален Договор за збратимување со Општина Буча, Украина. Средбата покрај ова беше искористена и за размена на информации за можностите за понатамошна соработка на различни полиња на делување на општината, како култура, спорт, бизнис и заедничко аплицирање на проекти, помеѓу градоначалниците на двете општини.` 310954736_483203143828741_6326752568379979863_n 310998181_483202640495458_6696323225840454319_n 311005894_483203040495418_7337909497574070566_n 311054458_483202947162094_924727470633695252_n