ПОСТАВЕНИ СЕ 4 ПУНКТА КОИ ЗАСЕГА КЕ СЕ КОРИСТАТ САМО ЗА ИНФОРМАТИВНИ ЦЕЛИ
ЈП „Паркинг“ од Кавадарци деновиве постави 4 нови пред се информативни пунктови чија првична цел ке им биде да даваат потребни и неопходни информации за тоа на пример во која паркинг зона се наоѓаат, колку чини паркирањето во истата, каде можат да се купат паркинг билетите или доколку на некој му е поставен блокатор или не дај боже пајак му ја однел колата која е понатамошната процедура. Иако не е планирано според директорот на ЈП „Паркинг“ Тошко Дафков не е исклучена можноста на овие пунктови во блиска иднина да се започне и со продажба на паркинг билетите.Во пресрет на зимата и студеното време овие пунктови ке се искористат и за одмор и греење односно затоплување на вработените во ЈП „Паркинзи“ кои своите работни обврски ги обавувааат во тој реон .
м.в.