Општина Кавадарци континуирано вложува во подобрување на условите во објектите од образованието. Деновиве се одвиваа градежни активности во дворот и на зградата на Средното општинско училиште „Киро Спанџов-Брко“. На површина од 800 метри квадратни се изврши поплочување со павер елементи на дел од дворната површина пред главниот влез од источната страна на објектот. Со овој зафат се урбанизираше простор кој претходно беше руиниран и оштетен. За оваа намена се инвестирани средства во вредност од 661.060,00 денари. Паралелно со ова се изведуваа и градежни активност за реконструкција на ѕид и поставување на буња со легнати ивичњаци во должина од 125 метри, за што се инвестираа средства во вредност 219.504,00 денари. Сериозен градежен зафат се изведува и во самата зграда кеде се врши реконструкција на еден од кабинетит-работилница каде се изведува практичната настава за учениците. Овде се обновува дел од оштетениот покрив, а се врши и молерисување на ѕидовите. За оваа намена училиштето и општината инвестираат сума од 558.706,00 денари. Изведувач на градежните работи во дворот беше фирмата „Елин-билд компани“, во кабинетот рабоптеше фирмата „Мултиградба инженеринг“, додека опративата на фирмата „Патио монт“ го санирташе ѕидот.
извор: Кабинет на градоначалник на Кавадраци Митко Јанчев