На прес конференцијата на ОО на СДСМ говореше претседателот на ЛК на младите на ОО на СДСМ Кавадарци Павле Богев:;
Интегрален текст:
„Почитувани,
По правосилна одлука на судот “Белата Палата“, централното седиште на ВМРО ДПМНЕ вреден неколку милиони евра, треба да се продаде и парите од продажбата да се вратат кај граѓаните.
Пресудата за “ТАЛИР 2“ е еден од најголемите случаи на корупција во Европа!
Случајот “Талир 2“ е само потврда за забеганото и криминално владеење на челниците на ВМРО ДПМНЕ под водство на Никола Груевски, а во кое, еден од најистакнатите членови и негов заменик на функцијата претседател е и Христијан Мицковски, како и истакнатите сегашни партиски функционери Николовски, Мисајловски, Јанушев и останатите.
Во периодот од 2012 до 2013 година, ВМРО ДПМНЕ пшокрај тоа што е непрофитна организација, спротивно на Законот за финансирање на политички партии донел одлука да се најде инвеститор да изгради објект кој ќе блеска во раскош и луксуз: 200 000 евра пархет како и 20 000 евра послужалници, со кои се послуќува претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Каква забеганост почитувани граѓани!
Во таква криминална постапка ВМРО ДПМНЕ против правно пријавиле објект и имотна корист во вредност од неверојатни 132 милиони денари!
Подоцна со истите 132 милиони евра се купувал недвижен имотниз цела Македонија на име на партијата и тоа во Берово, Виница, Кисела Вода, Велес, Радовиш, Штип и замислете и во нашето Кавадарци.
Случајот „Талир 2“ докажува дека ВМРО ДПМНЕ не е ништо друго освен организирана криминална структура која ја сите овие години работи на штета на македонските граѓани, а секој нивен истакнат функционер е осуден или му се суди за сторен криминал!„
Замислете само колку детски градинки, спортски сали, затворени базени, патишта би се изградиле во замена за раскошот во кој ужива една рака функционери на ВМРО ДПМНЕ.
Секој криминал треба да се казни, а криминалците треба да завршат во затвор, а ние треба да бидеме генерација која ќе изгради општество во кое ќе се почитуваат законите и ќе владее правото.
Ви Благодарам!„
-се наведува на Пресот кој се одржа во ОО на СДСМ Кавадарци.