Годинава заинтересираните ученици можат да се запишат на : Шумарско-Дрвопреработувачката струка, Земјоделско -Ветеринарната струка и за прв пат Медицинска (здравствена) струка за фармацевти- лаборантски техничар.Уписите се одвивата на 18 и 19 јуни, и 28 јуни, и 23 август и на 31 август 2018 година

„Шумарството, уредувањето на просторот, преработката на дрвото и земјоделството се суштина на животот и извонредно важни за опстанокот на нашата планета, а токму СОЗШУ „Ѓорче Петров” од Кавадарци ја има честа да ги негува овие науки.

Производството на здрава храна е основен императив на човештвото зашто од неа зависи здравјето и виталноста на луѓето. Оваа благородна и важна наука се изучува во рамките на образовниот процес во нашето училиште.

Нема иднина без правилна нега и искористување на шумите, без облагородување на просторот во кој живееме и работиме и без топлината на дрвото вградено во нашата соба.

Нашето училиште претставува организирана и квалитетна средина. Овде можат да се научат и да се откријат многу животни тајни, да се доживеат незаборавни искуства и да се надградат нивните знаења и способности, меѓусебното разбирање и етичките стандарди, да се обезбеди индивидуален развој на учениците и да се афирмираат одговорностите.

Во овој храм на младоста се негуваат основните вредности на животот и се вплотуваат во личноста на ученикот.

Личен белег на кадрите што излегуваат од нашето училиште е оригиналноста и достоинството, овенчани со хуманите вредности достојни на професијата што ја одбрале.

Одлуката на учениците да ги поминат најубавите години од својот живот во нашето училиште е голема одговорност за носителите на образовниот процес и ние настојуваме да го направиме нивниот престој во СОЗШУ “Ѓорче Петров “ убав и незаборавен“.

СОЗШУ„Ѓорче Петров„-Кавадарци.