МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЛИКАЊЕТО НА ГРОЗЈЕ НА ЗРНО ГРОЗЈЕ ВО МИНИЈАТУРНА ФОРМА Е НОВИНА -ИНТЕРСНО ЗА ОКО И ДОПАДЛИВО

Пане Хаџи Василев-од Кавадарци има 18 години.Јас го запознав случајно на едно отварање на ликовна изложба.Не знаев што слика, но ми вети негова прва изложба.И ја направи.Помина добро, и тој се врати на обврските во училиштето но продолжи со своето хоби- сликањето.Тој е присутен и понатаму секој ден со нешто ново и оригинално.Учествува на Ликовната колонија „Кавадарци-Михајлово“ веќе три години.Ликовната уметност му е трајна инспирација и желба.Затоа реши и да студира на Ликовната академија по завршувањето на средното образование.

Инспириран од почетокот на бербата на грозјето во овој крај и Тиквешкиот гроздобер, Пане Хаџи Василев со темперни и акрилни бои, направил слика на зрно грозје.

14256782_657762431048445_1309085257_n.jpg

-Сакав да создадам нешто што е оригинално, што досега никој не го направил.Бев трпелив.Три дена ја правев сликата на зрното грозје кое е со дијаметар од 3 сантиметри.Морав да вклучам две бои за бојата брезо да се суши и да остане на зрното.Сликата ке трае, подолго време, додека е „живо “ зрното грозје,вели Хаџи Василев и додава дека Инспирацијата ја црпи од секојдневието. Храната некогаш може да биде дел од неговиот цртеж. Така е створена и новата слика на зрно грозје

Тој е интерсесна појава во кавадаречкиот ликовен свет.Постојано трага по нешто свое, малку и воопшто недопрено.Оригиналот не го уништува, го надградува, му дава нова димензија.Употребува молив,боја,фрагменити од природните материјали,текстил, хартија и друго.Тој е трагач низ светот на убавото, и засега на свои 18 години, сметам дека успева во тоа.Му претскажувам светла иднина.