НА СИТЕ НАГРАДЕНИ ОД СИТЕ КАТЕГОРИИ КОИ НЕ МОЖЕА ДА ГИ ПОДИГНАТ НАГРАДИТЕ НА СВЕТИ ТРИФУН ВО ПЕТОКОТ ИМ БЕА ВРАЧЕНИ ДИПЛОМИ И НАГРАДИ
Здружението за негување и развој на винска култура вински туризам и производи од грозје „Винотек“ од Кавадарци по повод денот на лозарите и винарите - „Свети Трифун“ во сорaботка со Локалниот Вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци организираше оценување на вино и ракија произведени од регистрирани винарии и индивидуални производители. На дел од наградените веке им беа врачени наградите а во петокот вечерта на останатите им беа доделени дипломите и наградите. Се оценуваа бели, розе и црвени вина како и лозова ракија и мастика. Наградите ги врачи претседателот на здружението „Винотек“ Јован Еленов.
м.в.