ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ДЕНЕСКА БЕА ПРОЧИТАНИ СВЕТСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ПОРАКА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ
27 март се слави како светски ден на театарот. По тој повод денесka во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци беа најавени театарски претстави и стари и нови а истовремено беа прочитани светската и македонската порака по повод денот на театарот.
Настаните ги најави директорката Јулијана Туриманџова а потоа актерот Александар Малинков ја прочита светската порака и го најави новиот проект, претставата „Тетовирани души“. Диме Коцевски ја прочита маскедонската порака и ја најави утрешната претстава „Не се клади на енглези“ за да на крај Микица Илова го најави новиот детски проект, претставата „Принцезата Лили“ за која премиерата е закажана за 2 април.
М.В.