МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во одлични услови за настава и годинава ова кавадаречко училиште ги отвара вратите за упис на првооделенците .

Од 1 до 31 мај трае уписот на првачињата за учебната 2019/2020 година во ООУ„Гоце Делчев„.Во прво одделение секој родител е должен да го запише своето дете на училиште до крајот на календарската 2019 година односно кога детето ке наполни 6 години.Се работи за деца родени 2013 година.,

Инаку во Прво оддление можат да се запишат и деца кои до крајот на 2020 година до 31 јануари ке наполнат 6 години односно тоа се деца родени во месец јануари 2014-та , но по претходни писмено барање пд родителот и добието мислење од педагогот или психологот во самото училиште.

Согласно Законот за основно образование и реонизација за прифаќање на училишни обврзници, децата се училишни обзрници на ООУ“„Гоце Делчев“.За поблиски инфромации родителите можат да го посетат ова училиште и да се зантересираат за деталите за престојот и уписот.

Конкретно во ООУ„Гоце Делчев“ успешно функционира продолжениет престој каде децата ке ги поминуваат часовите во завршување на училишните обврски,дружење и забава, а воедно имаат обезбедено и оброк.

Инаку што се однесува за ООУ„Гоце Делчев„ се работи за воспитно-образовна инситуација , чии ученици , на бројни натпревари во регионот , државата и светот се најнаградувани за освоени први , втори и трети места.Реномето и сериозноста во пристапот во наставата и воннаставните активности се во фукција на формирањето на млада профилирана личност.

Основното образование во ова училиште се изучува во најсовремени услови и наставно-воспитна програма од врвен квалитет.

За родителите важно е за уписот, кој трае до 31 мај, да обезбедат : оригинален извод од Матична книга на родени- или копија заверена на нотар,потврда за извршен систематски стоматолошки преглед изаден од специјалист по детска превентивна стоматологија, а при уписот задолжително е присуството на детето кое се запишува.

Ве очекуваме да го посетите во ООУ„Гоце Делчев„ и лично се запознаете со понудата за првооделенците , со која ќе имаат одличен старт во нивното образование и воспитување.