МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Шестото коло од најсилната македонска машка кошаркарска лига ни го носи дербито на двете досега непоразени екипи, Фени Индустри и Работнички кои имаат фантастичен старт на сезоната. Но, по натпреварот кој е закажан за во среда, 21 декември, јасно е дека само една од двете екипи ќе остане со максимален ефект и барем едно коло ќе остане осамена на врвот.

Домашниот терен и поддршката од своите најверни поддржувачи секако му носи блага предност на избраниците на Љупчо Малинков, кои веруваат дека досегашните резултати и петте врзни победи ќе бидат доволна мотивација кавадаречката публика сезонава за прв пат да го исполни „Јасмин“ до последното место.

Дербито на колото помеѓу Фени Индустри и Работнички се игра со почеток од 18 часот, а според најавите од раководството на клубот, спортската сала „Јасмин“ ќе биде затоплена.