МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СПОРЕД БРОЈОТ НА АВТОПОРТРЕТИ ТРАЈКОВСКИ Е ТРЕТ ВО СВЕТОТ ЗАД РЕМБРАНТ И ВАН ГОГ

Денеска во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци а во пресрет на Велигденските и првомајските празнувања беше отворена самостојна ликовна изложба насловена како „Автобиографија во слики“ на познатиот ликовен уметник Новица Трајковски од Скопје. Автопортретот е сериозна уметничка дисциплина која го покажува односот на ликовниот уметник кон себеси. Најмногу автопортрети во историјата има Рембрант над 80, а втор е Ван Гог со над 30. Неофицијално Новица Трајковски е трет во светот со над 20 авто портрети. На изложбата говореа уметникот Владимир Темков, директорката на Домот на културата Јулијана Туриманџова, новинарот Душко Кралевски и самиот автор Новица Трајковски.

М.В.

179231385_941219606651802_1145996059030982967_n