Како во градот е гради и во селата.Деновиве забележителни се инвестициите од комунален карактер на патиштата кон селата Бегниште и Сопот.
Така започна да се реализира проектот за изградба на потпорен ѕид во село Бегниште. Потпорниот ѕид се гради по барање на жителите и отстранување на критична точка на локалниот пат до село Бегниште. Проектот е со финансиска вредност од 423 340 денари.
Во изминатиот период континуирано се работи на санирање на полски патишта во сите кавадаречки села. Денеска се врши санирање на полски патишта во село Сопот. Овие активности се вршат на барање на жителите се со цел полесно да ги обавуваат своите земјоделски обврски.