МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Kaндидатот за пратеник во ОЕ 4 Бетиан Китев, денеска на Прес конференција зборуваше за состојбите во здравството

Текст соопштение од обраќањето на Китев;

„Состојбата во здравствениот систем во Република Македонија, вклучително и во Кавадарци, е алармантна, и што е уште пострашно состојбите од ден во ден се влошуваат. Сите сме сведоци на катастрофалните услови во кои се згрижени пациентите.

Деца ни умираат поради тоа што државата решила да гради барокни фасади, музеи и споменици наместо да одвои средства за децата на кои им е потребна операција во странство. Зарем мермерот е поважен од човечкиот живот?

Во програмата на Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија, ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА, се предвидени повеќе мерки за реформирањена здравствениот систем и за подобрување на состојбата во оваа клучна област.

Во првите 6 месеци од мандатот, просечната плата на здравствените работници ќе биде покачена за 15%, во однос на сегашната, а до крајот на мандатот платите во здравството ќе бидат двојно поголеми од сегашните. Основните плати на докторите специјалисти во терциерното здравство ќе изнесуваат повеќе од 100.000 денари, односно 1600 евра. Со ова ќе ги задржиме најдобрите кадри на државните клиники и болници.

Ќе воведеме бесплатно болничко лекување. Целосно ќе ја укинеме партиципацијата за болничко лекување. Тоа ќе значи дека сите наши граѓани ќе можат да добијат бесплатно болничко лекување во јавното здравство.

Понатаму, ќе обезбедиме целосно информатичко поврзување на здравствениот систем во Македонија. Со тоа ќе ја зголемиме точноста и ефикасноста на здравствените услуги и ќе го намалиме чекањето како и непотребната бирократија.

Ќе воведеме основни бесплатни стоматолошки пакети за секој матичен пациент. Децата до 18 години ќе имаат целосно бесплатна стоматолошка заштита.

Драги сограѓани, здравјето на нашите деца нема цена! Нема да дозволиме лекувањето на децата во Македонија да зависи само од хуманоста на нејзините граѓани. Ќе создадеме посебен фонд за финансирање на лекување во странство на деца до 18 години, кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободен од политички или министерски притисоци“