МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст на соопштението од ОО на СДСМ Кавадарци

“Почитувани граѓани

Инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти на централно и локално ниво остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Ветивме, подобрување на патната инфраструктура, и со полна пареа секојдневно работиме кон подобрување, изградба и развој на патната инфраструктура која што претставува исклучително важен сегмент од економскиот развој.

Преку програмските ветувања на Владата, но и со посветеноста и континуираните застапувања на пратениците Даниела Колева, Лолита Ристова и Панчо Минов од нашиот регион, денес сме сведоци дека отпочна со изградба делницата Квадарци –Дреново, а исто така следува и надградба на коловозот на патниот правец Неготино-Глишиќ. Владата инвестира преку 100 милиони денари во овие 2 патни правци.

Инвестициите во патната инфраструктура продолжуваат.Регионаланата инфрструктура е наш заеднички приоритет.

Затоа по овие инвестиции, во втората половина од годината следи реконструкција и на регионалниот пат Р2137, Неготино-Дуброво-Војшанци во должина од околу 5 километри.

Ова се нашите клучни приоритети и ветувања,ова се нашите реални инвестиции денес!

Со заеднички иницијативи на локалната власт и на пратениците, а со финансиска поддршка на Владата инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти се сигурен рецепт за рестарт на економијата и враќање на претходните стапки на економски раст.

Градиме по план, инвестираме во проекти кои се важни за граѓаните.„

Се наведува во соопштението на О.О СДСМ Кавадарци