МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Деветнаесет средношколци од СОУ „Киро Спанџов – Брко“ кои посетуваа практична настава во Дрекслмајер добија сертификати за успешно завршена практична обука.

– Компанијата Дрекслмајер ја претстави третата генерација средношколци кои посетуваа практична настава во рамки на моделот на дуално стручно образование во специјализираната училница на компанијата. На учениците кои покажаа исклучително знаење и компетенции им беа понудени договори за вработување. Дел од нив ќе работат во фабриката во Кавадарци, а друг дел во фабриката на локацијата Куманово. Некои од практикантите го продолжуваат своето образование на студии, но истовремено и ќе работат во компанијата. На ваков начин овие млади и креативни луѓе ќе имаат можност професионално да се надоградуваат и личнода се развиваат.

„Дрекслмајер е компанија посветена на континуираното учење и поддршка на образованието. Среќе сум што овие млади луѓе ја започнуваат својата професионална кариера токму во нашата компанија.Упатувам честитки до третата генерација средношколци со надеж дека нема да застанат тука и декахрабро, совладувајќи ги сите препреки, ќе се движат по патот на професионалниот успех.“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија. Дрекслмајер и понатаму продолжува даго поддржува образованието на младите таленти во насока на создавање професионални кадри коиќе придонесат за заедничкиот успех на компанијата.На обострано задоволство, избраните кандидати ги потпишаа договорите за вработување со што иофицијално се дел од тимот на Дрекслмајер.„Ова е мојот прв договор за вработување и среќна сум што мојата професионална кариера започнуватокму во компанија како што е Дрекслмајер. Благодарение на нашите специјално обучени тренеридобив огромно знаење од областана на индустриската мехатроника. Покрај стекнатото знаење, завреме на обуката запознав одлични другари со кои ќе продолжам да контактирам во иднина. Сонетрпение чекам да научам повеќе за мојата работна позиција.“, вели Рената Ристова која покрај Сертификат за успешно завршена обука доби и договор за вработување. Дрекслмајер е водечка компанија во земјава која го спроведува германскиот модел на дуално стручн образование.

Придржувајќи се на долгорочната стратегија за поддршка на образованието и професионалниот развој, компанијата секоја година овозможува практична настава во делот н мехатроника за учениците од средното образование. Практичната настава ја спроведуваат специјално обучени тренери во современо опремена училница во рамки на фабриката.

thumbnail