МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 29.07.2021 во 13.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во објект на бул.„Македонија“ бил пронајден починат Г.Т.(44) од Кавадарци. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Во периодот од 21.00 часот на 29.07.2021 до 02.00 часот на 30.07.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата биле регистрирани и санкционирани пет прекршоци, од кои три во Велес, еден во Кавадарци и еден во Неготино.

Во период 29/30.07.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се седум лица на подрачјето на СВР Велес, од кои пет во Велес и две во Неготино, против нив се поднесени соодветни поднесоци.