МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Публиката ке ги исполни стадионите до 50 % од капацитетите а салите до 30 %

На својата седница, Владата донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика. Според измените, на спортските настани на затворено, значи во салите, е дозволено присуство од 30% од капацитетот на просторот, а на отворено, односно на стадионите до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

Исто така останува во сила одлуката за влез со поседување сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Поради стартот на подготовките за претстојниот септемврискиот циклус на репрезентациите, направена е мала промена во “распоредот“ на натпреварите од 5.коло во ПМФЛ и 2.коло во ВМФЛ.

Имено прволигашите своите натпревари ќе ги играат во сабота со почеток од 16 часот, додека второлигашите во недела исто од 16 часот.

М.В.

237284438_821378655218642_392638268373454257_n 240426550_1019939178765051_9174464825374932726_n 238732038_364455725146972_3851744776239154129_n