МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

77777

Денеска Павловден во Градско беше поставен камен-темелник за изградба на црква Св.Апостол Павле.На чинот на почетокот на изградбата присуствуваа многу граѓани на Градско и околните места а меѓу другите беа и ;Градоначалникот Роберт Бешовски, ,Владиката г. Агатангел- Митрополит на Повардарската Епархија,Игор Андреев- Раководител на Центарот за равој на Вардарски плански регион,Ненад Коциќ пратеник во Собранието, градоначалници од неколку општини и други,

Владиката Агатангел отслужи пригиодна служба во сослужение со свештеници од Повардарската епархија по што му се обврати на народот потенцирајќи ја потребата од сплотеноста на две големи партии и црквата како столб на државата која во многу прилики била стожер на опстанокот.

Потоа се обрати и градоначалникот Роберт Бешовски кој меѓу другото рече;

“Нека е за многу години денешниот голем христијански празник посветен на Апостолот Павле, христовиот следбеник кој ја посеал христијанската вера на овие македонски простори.

И токму на овој свет ден со благослов на Неговото Високо преосвештенство г. Агатангел, започнува изградбата на уште едно светилиште на верата – црквата Св.Апостол Павле, овде, во центарот на општина Градско, во средиштето на Повардарската епархија.

Во оваа прилика на сето христијанско население од Општина Градско, од име на Советот на општина Градско и од мое лично име упатувам голема благодарност до нашиот Владика што имаше духовна сила и одлучност да ни изгради црква.

Горд сум што во ова економски многу тешко време Епархијата, верниците, бројните спонзори, имаат доблест и смогнаа сили да подигнат црква што ќе го обележи времето на нашето постоење. Посебно им се заблагодарувам на компаниите Вардар 03 АД Градско, Винарија „Стоби“, Отпад ДООЕЛ Охрид и Ина Трејд Лоте од Охрид, за досегашната донација за почетната фаза на изградбата на црквата.

На сите искрено Ви благодарам. Убеден сум дека побрзо ќе имаме уште еден ваков сенароден собир за осветување на изградената црква. Камен темелникот што денес го поставуваме е темел на многу вредности: на нашата сплотеност, заедништво, соработка, разбирање. А црквата е тоа место што не обединува сите и за радост и за тага. Посакувам во овој свет дом да се случуваат радости, венчавки, крштенки, да расте бројот на жителите на Општината и на верниците што овде ќе го најдат својот духовен мир.

Почитувани,

Дозволете ми на крај на сите верници да им го честитам Павловден, на оние што го носат името на Апостолот Павле им го честитам именденот, а на сите нас нека ни е за многу години овој свет ден.„- рече Бешовски.

217489410_222646329717241_6643423427906165988_n

217413825_1440025999687135_8365080056917328064_n

217345169_983443819155609_6940983325990351023_n