ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА ФАРМАЦЕВТИ во училишната специјализирана лабораторија во СОЗШУ„Ѓорче Петров“, го произведе првиот природен лек PINE SYRUP. Сирупот е произведен од шишарки од бел бор, собрани од научно-наставната шума во Михајлово. Може да се користи против бронхитис, астма, за искашлување, за подобар имунитет, за чистење на белите дробови на пушачите.
-,,Горди сме на нашите „фармацевти“ кои своето знаење го преточија во драгоцен природен лек. Од нив, очекуваме уште успеси во иднина и многу нови производи, заедно со останатите генерации фармацевти што се школуваат во нашето училиште.“ велат од овде .