МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НАНОСОТ ГО ИЗНЕСУВА ЈП„КОМУНАЛЕЦ“

Механизацијата на ЈП „Комуналец„ деновиве го чисти речното корито на „Луда Мара„ на потегот во централниот дел на градот, кај камениот мост.Се работи за неколку десетици метри кубни нанос од песок,тиња,камења и друг материјал, koj го донела водата,кој се наталожил на овој дел на реката.„Комуналец“ редовно интервенира годишно неколку пати,на ова место на кое најчесто се собира отпаден материјал кое за окото на минувачите,не изгледа убаво, со оглед на убаво урбанизираното корито кое деновиве се дотерува со нови тротоари. Сега во пресрет на Тиквешкиот гроздобер, уште повеке има причина повеќе за убаво уреден центарален дел на градот, особено затоа што годинава се очекуваат многу повеке туристи од лани. Комуналец овој месец е актривен на средување на оштетени или загадени места со диви депонии , кои за жал ги создале граѓаните.