МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

- Компанијата за дистрибуција на замрзната храна – Слога Пром од Кавадарци, традиционално предновогодишно обезбеди 300 пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства од Кавадарци. Во соработка со општина Кавадарци е распределена едната половина од пакетчињата, а другата половина е распределена во соработка со повеќе хуманитарни здруженија и невладини организации од градот. Дополнително, компанијата и оваа година донира материјали и реквизити, согласно потребите на основното училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, со што ќе се олесни и унапреди образовниот процес во инклузивните паралелки.

„Слога Пром е компанија којашто потекнува од локална средина и иако од помал град - свесно се носиме со улогата и одговорностите што ги имаме кон заедницата од која сме дел и каде работиме. Новогодишни подароци за деца од ранливи категории, како и едукативна опрема за основното училиште „Страшо Пинџур“, каде учат деца со попречености, е нешто што го правиме секоја година заедно како компанија со сите наши вработени. Ваквата празнична акција и дарувањето прерасна во традиција што ќе се трудиме да ја зачуваме и негуваме и во иднина. Идејата ни е да овозможиме секое семејство, секое дете, да го почувствува духот и магијата на празниците, но во исто време сакаме да бидеме предводници на значајни позитивни промена во заедницата“ – изјави Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога Пром.

Со присуство од над 30 години на македонскиот пазар, компанијата Слога Пром континуирано работи на задоволување на потребите на современиот потрошувач, постојано следејќи ги светските трендови, стандарди и знаења во делот замрзната храна и применувајќи ги истите во своето работење.