МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска, како ретко , во полната галерија со посетители на Домот на културата Кавадари се одржа промоција на монографијата, всушнст магистерскиот труд под наслов “Улогата на меѓународната дипломатија во разрешувањето на вооружениот конфликт од 2001 во Република Македонија“, на м-р Благица Кицева.

На промоцијата говореа доц.д-р Деан Маролов-професот на Универзитетот „Гоце Делчев„ во Штип и д-р Сашко Стојановски вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев„ во Штип.Пред присутните Кицева ја претстави директорот на Домот на културата „Иван Мазов Климе“-Александар Малинков.

Магистер Благица Кицева ги запозна присутните со самата книга која ги опишува и докуметира сите моменти од 2001 година посебно на дипломатијата за решавње на конфликтот во Република Македонија .Сите добија бесплатни книги со овој магистерски труд, а оние кои можеа донираа средства за лекување на две деца .