МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска на 4 јануари-2017 година пред Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур, се одржи чествување по повод 74 години од убиството на еден од најголемите револуционери и борци за слобода од поновата историја на македонскиот народ,народниот херој-Страшо Пинџур.

Пред бистата на Спомен куќата во Ваташа свежи свеќиња положија:Градоначалникот на Општината Александар Панов,делегација на Советот на Општината предводена од претседателот Горица Пеливанова -Вилхелм,делегација на Боречката организациија и почитувачи на традицијата на НОБ, Советничката група на СДСМ,и претставници на ОУ„Страшо Пинџур„ од Кавадарци.

За животниот пат на херотот говореше Петре Камчевски-директор на Музеј Галеријата во Кавадарци.Тој се задржа на неколку значајни моменти битни за Страшо Пинџур кој рано останал без татко .Подоцна за него се грижи неговата баба Наца на која ќе и остане приврзан до крајот на својот живот. Завршил основно образование во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Потоа како државен стипендист го продолжил своето образование во Крагуевац. Тука започнува и неговата револуционерна дејност која трае до неговата смрт 1943 година.

(Видео)...Пред бистата на спомен куќата во Ваташа говореа : Петре Камчевски и Александар Панов.