МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По вчерашната реакција од Левица на резултатите од пописот, и н денеска следува нова реакција од ова партија.Цитираме:;

„По мојата реакција на срамната методологија со која се “истурка“ пописот претходната година, денес ги гледаме последиците. Одредени етнички заедници намерно се ставени во подредена положба со тоа што припадници од истите се де факто “асимилирани“ во други. Непотребното прашање за верската определба на жителите во една секуларна држава резултираше со смешна поделба и измислени категории, додека податоците за бројот на жители во Кавадарци е нелогичен кога сите сме свесни за експанзијата на градот и зголемување на бројот на жители во истиот! Македонските Турци и Бошњаци веќе излегоа со реакција дека податоците се неприфатливи! Вистината е дека дел од припадниците на овие заедници се вештачки препишани во друга етничка заедница за да се добие впечаток дека истата е побројна и да ужива поголеми права. За жал во државава кога станува збор за вработување во јавниот сектор не се приоритетни критериуми образованието и искуството, туку етничката заедница на кандидатот! Ова е грешката на Рамковниот договор, но беше доволна за министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити од Алтернатива да изјави дека бројката на вработени припадници на албанската етничка заедница во Македонија мора да се зголеми и тоа само еден ден по објавувањето на податоците! Потсетувам на скандалозниот апел за време на пописот од премиерот на друга држава, Албин Курти да иселените Албанци се попишуваат од од странство како би оставиле впечаток дека се побројни, а народностите во Македонија уживаат права зависно од својата бројност! Ќе завршам со реакција кон молчењето на клиентелистичките ДПМНЕ и МПЦ кои колку-толку, сеуште уживаат некое влијание врз општествените случувања во Македонија, а воопшто не реагираат на манипулативниот демографски инженеринг! Очигледно е дека дозволите за градење на нехумани облакодери наспроти хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ги замолчи поткупливите МПЦ па припадниците на православието се поделени во неколку измислени категории и со тоа спуштени под 1 милион! За кукавичкиот пристап на ДПМНЕ не ги знам мотивите, а нема ниту да се обидам да сфатам како го премолчија фактот што податоците укажуваат на 1.836.000 попишани, а избирачкиот список брои 1.816.000 гласачи. Дали е реално да во Македонија живеат само 20.000 малолетници ако во учебната 2020/21 во основните училишта се запишале 185.555 ученици? Левица нема да го признае овој “попис“, но дефинитивно е добар основ за кривични пријави кон оние кои учествувале во манипулација на бројките и унаказување на методологијата! „

- се наведува во реакцијата на Криме Богевски од „Левица„ до РТК.МК.