1700 м2 од улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци денеска се покрива со нов слој на асфалт
Денеска увид во работите изврши градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој во изјава за КТВ најави вистинска градежна експанзија во текот на наредниот период и реконструкција на уште неколку значајни улици во градот. Ќе се работи и на обнова на фасадите на десетици згради, а ќе се реконструира целосно и фасадата на зградите лоцирани на улица „Ѓуро Салај.