МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во пожарот нема повредени

Пожар во подрумски простории од куќа во Кавадарци избувнал утринава околу пет часот. Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, огнот било локализиран околу десет часот. За среќа, повредени нема.

-Изгореа предметите во подрумот. Дрва за огрев, дрвени гајби. Не дозволивме пламените јазици да се прошират на катот, така да се помина само со исчадување во еден дел од него, соопштува Богевски.

Противпожарната единица интервенирала со две противпожарни возила и осум пожарникари. Помош им дошла од противпожарната единица Неготино, како и од компаниите “Кожувчанка” и “Фени”, по едно возило со по двајца пожарникари.