МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Склучени договори за вработување и доделени сертификатите за успешно завршена практична настава според германскиот модел на дуално стручно образованиe

- Уште една генерација од дваесетина ученици успешно го завршија своето образование според германски модел на дуално стручно образование. Од нив солиден дел сеодлучија да го продолжат кариерниот пат во компанијата и веќе ги склучија своите први договори за вработување со можност да работат во една од двете DRӒXLMAIER фабрики во земјава. Дел од практикантите, пак, го продолжуваат своето образование на некој од техничките факултети.DRӒXLMAIER со поддршка за образованието и младите луѓе .

На заедничкиот собир организиран од компанијатана на учениците им беа доделени сертфитикатите за успешно завршена практична настава.

-„Би сакал да упатам најискрени честитки до практикантите за постигнатите резултати. Драго ми е што дел од нив се приклучуваат на нашите вискостручнитимови и ќе имаат можност уште повеќе да ги прошируваат своите знаења и вештини од соодветните области. Родителите треба да бидат горди на успесите на своите деца, а ние како компанија и воиднина продолжуваме да го поддржуваме образованието на младите луѓе“, рече Лукас Мирингер,Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија.Практичната настава се одвива во специјализиранта училница во рамки на фабриката. Практикантите работат под менторство на квалификувани тренери кои континуирано го дополнуваат своето знаење и компетенции преку посета на бројни обуки и тренинзи во странство.Среќни и задоволни ученици.Учениците, секој со својата замисла и желби за иднината, не го криеа задоволството-

„Среќен сумmшто имав можност да посетувам практична настава во DRӒXLMAIER. Спецјализираната училница е одлично подготвена, а тренерите своето знаење ни го пренесоа на најдобар можен начин“, вели Трајков Глигорчо. За Костадин Трајков, пак, особено е важно што за време на практичната настава учениците се директно вклучени во производниот процес, работат под водство на ментор, го продлабочуваат своето знаење и стекнуваат корпоративна култура. „Без двоумење го прифатив понудениот договор за вработување од страна на DRӒXLMAIER. Од она што имав можност да го видам во изминатите три години, цврсто сум убеден тука постојат вистински можности запрофесионален развој на вработените“, додава тој.

Професионалната иднина на учениците во сигурни раце .Родителите заедно со децата и менторите во компанијата работат на најдобрата верзија на секоедете. За да им се обезбеди стабилна иднина на децата, тие мора да научат да ги прифаќаат одговорностите, да носат правилни решенија и цврсто да чекорат на патот до успехот. „Особено серадувам затоа што во нашата компанија, првенствено, се препознава и се цени квалитетот. Мојот синвеќе потпиша договор за вработување во DRӒXLMAIER. Сега знам дека неговата професионална иднина е во сигурни раце, а можностите за напредок и доусовршување се бескрајни“, вели Данка Стојанова која е мајка на еден од практикантите и исто така е вработена во DRӒXLMAIER.DRӒXLMAIER е лидер во земјата во спроведувањето на моделот на дуално образование според германски стандарди. Комапнијата, следејќи ја својата долгорочна стратегија за поддршка на младите луѓе и образованието, ќе продолжи и понатаму да дава свој придонес во насока на создавање високостручни и компетентни кадри кои се барани на пазарот на трудот.