МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Извиднички одред Авантуристи со последната активност - Промотивен настан за децата и младите од Општина Кавадарци со ООУ за извидничкото движење и програма УСПЕШНО го заврши и реализира проектот ,, Компас - Извидничка образовна програма,, кој целосно беше поддржан од Општинскиот буџет на Општина Кавадарци, Градоначалникот и Советот. Промотивниот настан за децата и младите од Кавадарци се реализираше во Младинскиот центар Кавадарци каде што 400 ученици од 5те основни училишта учествуваа во промотивни извиднички активности. На настанот се дискутираше за извидничкото движење, програма, авантуристични активности и можноста за младите од Кавадарци да бидат дел од најголемото движење во Македонија. Вооедно, како дел од еколошката компонента на извидништвото, се презентираше и Боренка иницијативата на Сојузот на извидници на Македонија, каде што од опожарени дрвја, извидниците прават графитни моливи, со кои децата и младите ширум Македонија цртаат дрвја. Цртежите, се користат како индикатор за тоа колку дрвја ќе бидат засадени преку волонтерски активности во опожарени подрачја. Децата и младите од нашата општина ќе имаат можност да учествуваат во вакви активности во период март-април 2023 година. Исто така во месец ноември се оддржаа и 60 работилници во 5 основни училишта каде што преку програмaтa за изучување и оспособување на вештини опфатена во овој проект како главна и носечка активност, претставува посебнa програмa, којa има за цел да ги води децата, кон нивното оспособување со посебни вештини и усовршување на истите. Преку овaa програмa, децата, се насочуваат кон усовршување на предложените вештини, a притоа постигнуваат личен развој на повеќе полиња. А учениците кој беа опфатени во овој проект ја имаа таа можност да се запознаат и да го усовршуваат своето знаење во областа на: 1. Ориентација во простор и природа 2. Прва помош и заштита 3. Екологија и животна средина 4. Стреличарство и одење по слеклајн 5. Декодирање и шифрирање азбука (морзеова, моноалфабета, германикус, семафор) 6. Шаторизација 7. Пионерство и преживување Сите овие вештини се и повеќе од потребни за правилен развој кај децата, нивна социјализација – учење да работат и да соработуваат со други околу себе, да го развиваат тимскиот дух и своите лидерски вештини. Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci Митко Јанчев. 321721288_875369823712252_191457577912765972_n 321648039_486076093637522_6233591874616352959_n 321774804_1610926472670532_6442301927576461273_n 17Risto Stavrov, Tosko Dinov и 15 други 3 споделувања Ми се допаѓа Коментирај Сподели