МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во вторник 22 ноември 2016 година, во 3D киното во Кавадарци ќе се оддржи свечена академија

Согласно предвидената програма, свечената академија ќе започне со пригоден реферат на директорот на музејот, Петре Камчевски, по повод јубилејот 40 години музејска дејност 1976-2016.По неговото обраќање, ќе биде промовирана и монографијата „Музеј-галерија 1976-2016“ чии автори се Камчевски и Крстевски. Промотор на монографијата е д-р Мирјана Нинчовска, дирекор на Музеј на Македонија.Веднаш по тоа ќе следуваат настапите на дуо „Грациозо“ во состав м-р Кристина Палија - сопран и Невенка Дуковска - пијано, и триото „Ад либитум“.Почетокот на свечената академија е закажан за во 19 часот.