МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Утре -недела на 10 јули 2022, од 18 часот, по повод “Денот кога се роди добриот човек“, Меморијален ден посветен на урбаната легенда Дејан Костов Лиса, а кој го одбележува Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, на Youtube каналот на Алтер Центар, официјално ќе биде промовирана песна посветена на Лиса и урбаниот градски живот. Бендот кој искрено и со љубов застанува зад песната го носи името “Лиса“, а насловот е “Пријатели и другари“. Заминувањето на големите луѓе не значи и нивно губење. Напротив. Еден од големите градски ликови во Кавадарци е и Дејан Костов Лиса. Урбана легенда од вистинскиот центар на градот. Во негова чест неколку добри луѓе, урбани деца, борци за Кавадарци пристојно место за живеење, пријатели, другари, соборци на Лиса, го направија тоа што најдобро го можат и знаат. А можат и знаат многу. Направија и посветија урбана градска песна на Лиса, песна која е своевидна посвета и на целокупното урбано и градско живеење во Кавадарци, денес своевидно урбано подземје со најубавите вистински градски приказни.Како што вели и дел од текстот на песната “Пријатели и другари, многу работи изгубени, со погледи осамени, во душата исполнети. М.Тодоровски