Просториите се наоѓаат во центарот на Кавадарци
Се интензивира изградбата на Бизнис информативниот центар во Кавадарци. Во него се градат 6 канцеларии и 2 конференциски сали кои ќе бидат дадени како поддршка на новите бизниси и претприемачи и истите ќе имаат шестмесечна бесплатна поддршка од Локалната самоуправа и Регионалната стопанска комора. Градоначалникот Александар Панов денеска изврши увид на гредежните активности.Локалната самоуправа од Кавадарци го имплементира преоектот за изградба на овој Бизнис информативен центар кој е сместен во поткровјето над градската библиотека во центарот на Кавадарци,Панов очекува објектот да биде комплетно завршен за месец и половина. Тој во интерес на јавноста обзнани податоци коишто се поврзани со вработувањата преку приватниот локален бизнис сектор.Притоа со удел на Локалната самоуправа и неколку препријатија овозможено е вработување на над 50 лица: 20-сетина во “Агроберзата„ која е во фаза на формирање,10-тина во новата инвестиција на „Слога пром„ ,10-сетина во салонот на „Мебел –Ви“ како и 10-сетина во новото претпријатие кое ке го преземе во стопанисување паркирањето во градот.Инаку проектот за Бизнис информативен центар се реализира како плод на прекуграничната соработка со општина Воден или Едеса од Република Грција. Истиот е финансиран од Европската Унија со околу 250 илјади евра, а има за цел да го поддржи бизнис секторот во пограничниот регион.