МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

,,Денесka Општина Кавадарци по одлука на Совет, на иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет д-р Стојанче Рамов, ќе им исплати парична награда во висина од 30.000 денари на деветтемина пожарникари за вонредно залагање и постигнати исклучителни резултати во работење кои без размислување заминаа во спасувачка мисија во регионот погоден од катастрофалниот земјотрес во Република Турција. Момци уште еднаш ви благодариме за вашиот труд и пожртвуваност, што достојно ја претставивте нашата општина и вредностите на солидарност и хуманост, постапувајќи со професионализам помагајќи на нашите пријателски народи кога е тоа најпотребно.,, се наведува во известувањето од Кабинегтот на градоначалникот Јанчев.