МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Усвоен Предлог-Квартален Извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година-четврти квартал

Педесет и третата седница на Советот на Општина Кавадарци koja се одржи денеска напладне беше ефикасна , и траеше околу еден час. Предлог-Квартален Извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Кавадарци за 2016 година-четврти квартал беше централна точка за која опозицијата гласаше против .Ставовите на почетокот ги пренесе советникот Горан Белевски, кој ги нотира сите неизвршувањата според нив,во овој квартал, но сепак изрази одобрување за дел од инвестициите кои локалната власт ги заврши.Со 11 гласа за и 4 против предлог кварталниоит извештај беше усвоен.

Предлог-Програма за работа на Советoот на Општина Кавадарци за 2017 година исто така беше усвоена со тоа што советникот Сашко Петров поради отсуството извесен период од Советот,предложи да се изземе точката;Советнички прашања .Сепак при гласањето тоа не помина и истата остана да биде составен дел на Програмата за работа на кавадаречкиот Совет.И во Предлог-Одлука за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата во 2017 година на правно лице, опозицијата имаше забелешки поради, наводно ,незадоволство од работата на телото задолжено за организирање на општинските манифестации,но сепак Одлуката помина со мнозинство при гласањето за неа. Во продолжени на денешната седница на Советот беа усвоени и Предлог-Правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на културата во 2017 година на правно лице како и Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Кавадарци, Активностите во областа на спортот на Општина Кавадарци за 2017 година ,Предлог-Програма за енергетска ефикасност на Општина Кавадарци 2016/2018 , Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за ослободување од плакање на сметките за вода и комуналии на социјално загрозени семејства;Програма за работа и развој на ЈП”Јасмин” Кавадарци за 2017 година , Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на бесправно изградени објекти со намена на земјиште и Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на нова урбанистичко планска документација за објекти надвор од градежен реон; Советниците ја усвоија и Предлог-Одлука за именување на членови на Општински совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци , Предлог-Одлука за именување на претседател на Општински совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци , Програма за работа на општински совет за безбедност на сообракајот на патиштата за 2017 година , Предлог-Одлука за започнување на постапка за доделување на Договор за јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање,изградба,стопанисување и пренос на мала хидроцентрала на регионалниот водоснабдителен систем „Лукар“ Кавадарци кој се остварува како јавна набавка на работи , Предлог-Одлука за намена на средства како и Предлог-Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2017 година;