Пред кавадречката културна јавност на Денот на лозарите Свети Трифун, во Музеј галеријата својата традиционална изложба ја одржа кавадаречкиот ликовен уметник-акварелист Лазар Дојчинов.
Тој на љубителите на ликовната уметност им се претстави со 50-сетина нови слики, најголем дел акварели, неколку слики масло на платно и три икони.
За неговатиот уметнички творечки опус зборуваше новинарот Мирјана Мукаетова која за Дојчинов подвлече:
„Вистината е во виното, но на празникот на лозарите Лазар со четка и бои Дојчинов ја раскажува својата сликарска приказна .Тој останува доследен последните 10-сетина години, да го слика грозјето, виното, култните производи од античко време до денес.Во неговите дела во центарот на вниманието се грозјето и виното. Тој е одличен мајстор на акварелот.Покрај грозјето и виното како модел го избира и афионот.Во неговите слики можеме да го видиме спокојот, тишината,Моклиште“
Самиот Лазар Дојчинов им се заблагодари на Музеј Галеријата градоначалникот Панов и преседателката на Советот Пеливанова-Вилхелм за помошта да се одржи ова изложба, посакувајки им на присутните здравје и среќа, и за Свети Трифун повторно да се видат наредната година.
Посебен тон со својот настап му дадоа двете музички точни на етно групата од ОМБУ„Л.М.Рале„на наставникот Горан Јанев.