Возилото е со специјална намена за одзатнување на фекални канализации за чии услуги досега се трошеа значајни средства
Јавното претпријатие ,,Комуналец,, од денеска го збогати возниот парк за уште една возило.Се работи за Канал Џет- цистерна за одзатнување на фекалии.
-Вредноста на возилото е околу 7 милиони денари.Ова е 18-то возило, набавено за потребите на ЈП Комуналец односно обавување на комуналните услуги за граѓаните.Планираме да набавиме уште две.Овие денови ке пристигне и булдожерот ,со што ке извршиме комплетна обнова на возниот парк на „Комуналец,, за период од 4 години, истакнува директорот на претпријатието Илија Атанасов.
-За услугите кои досега се вршеа со позајмено вакво возило , се трошеа значајни средства , за отпушување на канализациони линии.Сега дури 90 насто од таа услуга можеме сами да си ја завршиме.Со набавката пак на новите двете возила ке се заврши процесот на обнова и модернизација на возниот парк, и ке се посветиме на поткревање на комуналните услиги за граѓаните,вели градоначалникот Алексндар Панов кој присуствуваше денеска на промоцијата на новото возило.
-Пред неколку години почнавме со помош на Локалната самоуправа постапно да го обновуваме возниот парк, но сега сме во ситуација по неколку години Комуналец да може само да си го обновува возниот парк .После неколку години од моете излегување од ова претпријатие задоволство е ке можете да видите уреден двор , набавена нова софистицирана опрема, задоволни вработени , вели Панов.
Кога сме кај Комуналец треба да се напомене дека остана уште поголема задача :операционализација на средствата од КФВ банката за прочистување на водата од изворишниот дел на „Лукар“.Со овие и други ангажмани ЈП,,Комуналец,, ке биде прогласено за најдобро во ова свера во Македонија.
Праксата да се донираат стари но функционални комунални возила ,како во Росоман,продолжува да ја спроведуваме.Неодама Советот донесе одлука една автосмеќарка да се донира на Општина Богданци, сега ке се донира слично возило за Општина Росоман.Руралните општини кои имаат потреба и понатаму ке добиваат бесплатно вакви и слични возиула ,а хаварисаните и неисправни машини и возила да се отпишат, да се исчисти стопанскиот двор а собраните средства да одат на синдикалната сметка.
М.Д.