ПО ЦЕЛИ 37 ГОДИНИ ЈОСИФОВ ПОВТОРНО ПРАВИ ИЗЛОЖБА
Во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци по повод 7 септември Денот на ослободувањето на градот беше отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Кире Јосифов од Кавадарци.
Изложбата носи наслов “Моменти“ а е во рамките на празнувањето на денот на ослободувањето на Кавадарци - 7-ми септември. Кире Јосифов е роден 1951 година во Кавадарци. Завршил педагошка академија во Скопје, отсек ликовна култура во класата на проф. Димитар Кондовски. Живее и работи како наставник во Основно училиште во Кавадарци. Има реализирано повеќе самостојни изложби во Кавадарци, Струмица, Скопје, Љубљана, Белград а учествувал и на групни изложби и ликовни колонии во Македонија и надвор од неа. Во неговите „моменти“ се забележуваа два опуса - едниот беа сликите на огледало а другиот пејсажите. За ликот, делото и самата изложба на Кире Јосифов говореа Владимир Темков,на кого Јосифов му е кум, потоа директорката на домот на културата Јулијана Туриманџова, колегата на Јосифов, Горан Боев, еден од доајените на македонското сликарство Симон Шемов и новинарката Мирјана Мукаетова а изложбата за отворена ја прогласи самиот Јосифов во своето кратко обраќање до присутните.
м.в.