МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 22 издание на турнирот во стрелање посветен на нашиот најдобар стрелец Ристо Танев учествуваа голем број стрелци од Македонија.

Во три категории се натпреваруваа вкупно 25 стрелци од Кавадарци, Бојанчиште, Скопје, Велес и Прилеп, а победник е Драгослав Кудрановиќ со освоени 85 бодови во втората партија каде втор беше Зоран Стојчевски со 84 и трет Горан Илиев со 64 бодови. Во првата партија Јовица Гелевски освои 81,Илија Милков-75 а Џеваир Секуловски 72 поени. Во третата партија на стрелање првите три места го зазедоа Атанас Танев со 72 пооени,Аце Секуловски 64 и Ристо Гаштаров со 61 поен.

Турнирот го организира Стрелачклиот клуб „Кавадарци“ кој иако со тешки финасиски предуслови успева да се одржи сите овие години, и да ги собира на едно место вљубениците во стрелачкиот спорт.Ова натпреварување посветено на легендата на стрелањето во Кавадарци Ристо Танев, кој прерано почина и ова дисциоплина му беше специјалност , беше во категоријата војничка пушка 7,9 мм а се изведе на стрелиштето „Љубаш“.

Фото :Пепи Ганчев