МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Kавадарци е спортски град,има многу талентирани млади луге,одлични професионалци во индивидуалните и колективни спортови

Пред крајот на ова 2017 година, на традиционалната свеченост која се организира во Собранието на Општината, Сојузот на спортови на Кавадарци изврши прогласување на најдобрите спортисти.Беа доделени повеке награди , кои имаат цел да стимулираат,поттикнат да анимираат поголеми резултати во спорските дисциплини.

Во обраќањето до спортистите градоначалникот Митко Јанчев , кој заедно со претседателиот на Советот Ристо Сакалиев кој го следеше изборот на спортист на Кавадарци, во своето кратко обраќање, уште еднаш ја потенцира својата и заложбата на Советот за подршка на спортот кај нас, со овозможување на услови за бавење со спорт.Некаде ке се реконструираат а некаде ке се изградат нови спортски објекти.Во спортот и стимулирањето на спортистите ке се вложува повеке внимание и средства.

Најдобар спортист и годинава е Филип Ризов-кик боксер.Во конкуренција била и Владанка Аврамова-каратистка на КК„Урбан Инвест„, но поради годините(има под 18 години) таа ја доби титулата Најдобар млад спортист.Инаку и двајцата се врвни спортисти и носители на високи признанија на светски, европски и балкански првенства и многу златни медали на домашни натпреварувања.

На свеченоста беа доделени и вредните награди:најголем спортски талент е - Васил Витанов,најдобар младински клуб„ГРК Тиквеш 2014,најдобар новинар Мики Виденовиќ,најдобар интернационалец Даниел Мојсов,настан на годината е Тениското првенство на Европа до 16 години во организација на ТК„Црна река“,најдобар спортски работник е МИлан Колев- наставник по физичко образование,најдобар тренер на Кавадарци е Љупчо Малинков кој ова признание го освои и на ниво на држава,најдобар спорски колектив е Карате клуб Урбан Инвест,екипен првак на Македонија (голдбал тимот-фудбал за слепи) Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци.

Инаку на свеченоста беа прогласени и најдобрите поединци во сениорска конкуренција;Најдобар кошаркар е Петар Коцев,најдобар фудбалер е Ѓорѓи Мојсов,најдобар фудбалев во футсал е Тони Гацев,најдобар ракометар е Ќире Петров,атлетичар-Ѓорѓи Илов,каратист-Александар Волкановски,џудист -Никола Станоев,планинар-Павле Луковски,понгпонгар-Билјана Младенова,нинџицу спортист-Спасе Видов,спортски риболовец-Ќире Малинков,кик боксер-Илија Камчев,најдобар ММА борец-Мартин Данев,и најдобар воздухопловец-Небојша Стошиќ.

Во јуниорска конкуренција беа проглсени најдобрите спортисти на Кавадарци.Тоа се млад кошаркар-Тодор Златев,кошаркарка-Ангела Пончева,млад фудбалер Антонио Јанев,млад ракометар-Мартин Димовски,млад стрелец-Ќире Богев,најдобра млада каратистка-Владанка Аврамова,млад каратист-Слободанче Костов,џудист-Игнат Петров,млад кик боксер-Блаже Настов,најдобар млад планинар-Никола Мушев,млада гимнастичарка-Марија В,чкова најдобар млад ММА борец-Мартин Димитровски и најдобра млада тенисерка-Ангела Мицева.

Модераторот и спортски новинар Мики Виденовиќ ги прочита и беа доделени признанија на младите и надежни таленти на Кавадарци во 2017 година.Тоа се :во кошарка Лиле Миткова од ЖКК Трокал,Миле Пеливанов од КК Академик,во ракомет-Стефан Милков од РК Тиквеш,во Карате-Илија Грков од КК Тиквеш, Филип Костов од КК Енерџи,Стефанија Грозданова од КК Урбан Инвест,во гимнастика Мартина Бошкова КГС Партизан и најмлад амбасадор во спортот Николче Најдовски.

Инаку на вечерта за избор на спортист на Кавадарци им беа доделени благодарници за Амбасадорите на спортот во Кавадарци : Бошко Илиев-пливач-маратонец,Петар Ангелов во ракомет,Тијана Митрева-кошарка, а за развој и популаризација на спелеонуркачкиот спорт Јованче Динев.Благодарници пак добија: најдобар активен ветеран - Лазар Мицев ТК„Црна Река“,промоција на спортско-рекретаивното трчање-Меридијан Атлетик ЕКО Кавадарци,.најмасовно Здружение за спорт и рекреација-Тиквешки точакџии,а благодарница за посебен придонес во развојот на спортот на Кавадарци доби градоначалникот Митко Јанчев.