МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФК РОСОМАН ПУШТИ ВО ОПТЕК СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ

Новиот член на втората македонска фудбалска лига, група исток,екипата на „Росоман 83“ максимално сериозно се подготвува за стартот на новата сезона. Првичната цел на раководството наклубот е да се избори опстанок но затоа ке им треба и сесрднапомош од нивните верни навивачи.Затоа клубот се реши да пушти вопродажба сезонски билети за цела претстојна сезона по цена од 1500денари.Проблем за клубот може да биде само ако ФФМ во текот на целото првенство не дозволи присуство на публика заради здравствени односно епидемиолошки мерки од Ковид 19. Да потсетиме дека воновата сезона екипата на Росоман ке ја предводи Драгана Костова какопрва жена која самостојно води машки клуб а ке и помага искусниотлисец и довчерашен прв тренер Никола Глигоров. Како една од најмладитеекипи во ВМФЛ - „ФК Росоман 83“ најавува дека ке се обидат да играатдопадлив фудбал и ке се надигруваат со секој еден противник.

М.В.