ЈУНИОР ГО ИЗНЕНАДИ РАБОТНИЧКИ А РАДОВИШАНИ ПОРАЗЕНИ И ПО ТРЕТ ПАТ

Ракометните суперлигаши го одиграа третото коло во плеј аут групата. Во дербито во Богданци екипата на Младост мораше да им честита на ракометарите на ГРК Тиквеш кои трпеливо чекаа своја шанса во текот на целиот натпревар и ја дочекаа буквално во последните секунди користејќи ја грешката на домашните и со голот на Кондев славеа победа со 21:22. Со оваа победа кавадарчани имаат сто процентен ефект досега како и екипата на КЛ 7 која славеше во Струмица нагости кај Астраион со резултат 30:40. Екипата на Радовиш повторно киксираше овој пат на гостински терен во Прилеп. Прилепчани со пресврт ги освоија бодовите победувајки со 20:17. Екипата на Јуниор КВ му го нанесе првиот пораз на Работнички совладувајки ги со 32:25.

М.В.

164194446_765945540982267_4288830805363918307_n