ДВЕТЕ ЛЕВИ КРИЛА ОСТАНУВААТ ВО КАВАДАРЦИ А И НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЛАНСКИОТ РОСТЕР КЕ МУ СЕ СТАВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА МАГДИНЧЕВ Откако го реши тренерското прашање, екипата на ГРК Тиквеш продолжува со формирањето на ростерот пред стартот на новата сезона.
Репрезентативецот Дарко Кондев, кој дојде односно се врати лани во Кавадарци како и Димитар Коцев, кој веќе две сезони е дел од тимот официјално го продожија престојот и ќе ги бранат боите на Тиквеш. Тука е и Костадин Петров, кој исто така и лани беше дел од тимот. Новиот тренер Магдинчев во новата сезона ке може да смета и на искусниот Јанчев и засилувањето Борче Соколов. Неофицијално во клубот остануваат централниот бек Симиќ, пикерот Окардов, десното крило, ветеранот Лазов како и голманите Стојановски и Велков. Дефицитарна ке биде десно бековската позиција но се очекува Магдинчев да најде соодветно решение веке на првата прозивка закажана за 29 јули.
Тиквеш пред стартот на новата сезона ќе одигра неколку пријателски натпревари а ќе настапи на турнирите во Струга и во Прилеп. Ракометниот клуб Прилеп официјално потврди дека во периодот од 31 август до 2 септември ќе се одржи Меморијалниот турнир во чест на Миле Нешкоски. На турнирот покрај домаќинот би требало да учествуваат уште Струга, Голден Арт, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2, како и српската екипа Дубочица од Лесковац.
М.В.