Започна кампот за млади и перспективни кошаркарски таленти кој се реализира седум дена во Маврово. Првиот филтер на селективните тренинзи го поминаа двајца млади кошаркари од КК “СПОРТИСИМО” ,Христијан Миленовиќ и Андреј Митков родени 2008 година.

Во изминатиот период, кандидатите од сите клубови за место во најмладите репрезентативни селекции во машка и во женска конкуренција напорно работеа во СРЦ „Кале“ .

Тренерите одбраа по 15. кошаркари кои ќе бидат дел од кампот во Маврово кој стартуваше вчера, а чиј главен тренер-координатор е нашиот познат кошаркарски стручњак, Тане Спасев (тренер во Полска Легија ).

СЕЛЕКЦИЈА М12 - МАШКИ

Жарко Терзиевски

Лео Созовски

Филип Алексовски

Иван Мијалов

Христијан Миленовиќ - КК “СПОРТИСИМО”

Григориј Ѓорѓеви

Ѓорѓи Цветковски

Дарјан Златески

Дамјан Данев

Лука Пјевац

Андреј Митков - КК “СПОРТИСИМО”

Дамјан Стојаноски

Кирил Петковски

Љубен Ефтимовски

Алексеј Нешовиќ

ТРЕНЕРИ

Драган Василов

Марјан Ѓуров

Мартин Атанасовски

hristijan_andrej_sportisimo_3 tane_tanev